Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Србија и се заканува ризик од сиромаштија

На Србија и се заканува ризик од сиромаштија
Во Србија за првпат е спроведено истражување по стандардите на ЕУ за приходите и условите на животот на граѓаните, пренесува Ал Џезира. Додека податоците покажуваат дека стапката на ризик од сиромаштија е на највисокот ниво во Европа, други показатели на Заводот за статистика се пооптимистични, слични на оние од времето пред избивањето на економската криза. Србија, на крајот од 2013 година, се приближи на стопанско ниво од пред избивањето на економската криза. Заводот за статистика објави раст на Бруто домашниот производ од 2,4 отсто и пад на нивото на невработеноста на 20 посто, што е речиси идентично на нивото од 2008 година. Статистиката покажува и дека бројот на сиромашни во Србија е на највисоко ниво во Европа, информира од Белград, Марко Суботиќ, новинар на Ал Џезира. Два дена пред Новата година, во трговските центри во Белград се создаваа гужви. Само во текот на викендот неколку десетици илјади луѓе поминале низ нив, но продавачите се пожалиле дека не било како претходно. Повеќе се гледало отколку што се купувало. Тоа го признавале и самите купувачи. Ситуацијата во која помалку се купува ја објаснува и статистиката. Официјален податок на Заводот за статистика на Србија покажува дека платите во 2013 година биле помали за два посто во однос на 2012. Ризик од сиромаштија За прв пат во Србија е направена анкета за природата и условите на живот, па стапката на ризик од сиромаштија е најголема во Европа. Со 24,6 посто, Србија е прва во Европа, додека веднаш за неа е Грција со 23 посто. Од друга страна, според статистичките податоци, во Србија е приметен тренд на намалување на невработеноста. Бројот на невработени е помал за 2,3 посто и изнесува 20,1 посто, додека во 2012 година достигнал ниво и од 25 посто. На некои тој тренд не им е јасен. Статистичарите би можеле да измамат насмевка на лицата на креаторите на економската политика на Србија со податокот дека земјата е далеку од рецесија. За разлика од 2012 година, кога БДП-то беше во минус, во 2013 стопанскиот раст бил плус 2,4 отсто, со што се доближил до преткризно ниво. Потпретседателот на владата, Александар Вучиќ им порача на граѓаните на Србија, оваа година да очекуваат препород, дека на крајот од 2014 година џебовите ќе им бидат подлабоки, а за купување ќе имаат повеќе пари.
Слично

Поврзани вести