Економија, финансии, бизнис

Контакт

На спортските настани во Грција може да има само пет отсто невакцинирани посетители

На спортските настани во Грција може да има само пет отсто невакцинирани посетители

На спортските настани во Грција може да има само пет отсто посетители кои не примиле вакцина против коронавирусот. 

Како што информираа од Секретаријатот за спорт на Грција, комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство одлучила, од 1 септември 2021 година, 95 отсто од учесниците да бидат вакцинирани, а пет отсто невакцинирани „за да не им се одземе правото на учество на оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или поради возраста“. За оние кои не се имунизирани потребен е негативен ПЦР тест направен 48 часа пред натпреварот или брз тест 24 часа претходно.

За масовните спортски натпревари во Грција со учество на над 300 учесници, како што се маратоните, дозволено ќе биде учество и на невакцинирани лица, но само пет отсто од вкупниот број и само доколку немаат можност да се вакцинираат од здравствени причини или поради возраста, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција е во црвена фаза, а дневно има над 4.000 заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести