Економија, финансии, бизнис

Контакт

На состанокот во Брисел за прв пат и лидерите на албанските партии

На состанокот во Брисел за прв пат и лидерите на албанските партии

Делегација на владеачката ВМРО ДПМНЕ, која ја предводи македонскиот премиер Никола Груевски и опозициската СДСМ , која ја предводи нејзиниот лидер, денес во Брисел разговараат во Брисел со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан за надминување на кризата во Македонија.

Состанокот во Брисел е продолжение на преговорите за надминување на политичката и институционална криза во Македонија, кои под закрила на Европскиот парламент почнаа во април, а лидерите на најголемите политички шпартии и нивните делгации до сега на иста тема преговараа повеќе пати во Скопје и во Стразбур.

На денешниот состанок во Брисел прв пат, меѓутоа, ќе учествуваат и лидерите на двете најголеми албански партии, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, партијата која е дел од владата на премиерот Груевски и Мендух Тачи, лидерот на Демократската партија на Албанците. Тие досега учествуваа само на разговорите кои под закрила на Европската комисија се водени во Скопје.

Според договорот постигнат на последниот состанок во Скопје минатата недела, премиерот Груевски се согласи на барањето на опозициската СДСМ да се организираат предвремени парламентарни избори најдоцна до април 2016 година.

Иако првично беше потрвдено дека Хан ќе има билатерални средби со Зоран Заев, водачот на опозицијата, а потоа и со премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ , Груевски, тие седнале на иста маса со известувачот во ЕП Иво Вајгл, како и со претседателите на ДУИ И ДПА.

Според портпаролот на EK Маја Кочијанчиќ , македонските политички лидери, со Хан и Вајгл, седнаа на преговарачка маса да се постигне договор во однос на прашања од постогнатиот рамковен договор на средбата во Скопје минатата недела пренесуваат агенциите.

Минатата недела СДСМ прво најави дека се повлекува од преговорите со владеачката ВМРО ДПМНЕ за излез на земјата од политичката криза, а потоа ја повлече таа одлука.

Договорено е потоа како што кажавме да се организраат наредната година предвремени парламентарни избори, а на денешниот состанок сите очекуваат договор - кој ќе управува со Македонија и спороведува реформи односно ќе ги организира изборите.

Слично

Поврзани вести