Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Словенија и требаат дури 5 милијарди евра за спас на банките

На Словенија и требаат дури 5 милијарди евра за спас на банките
Се верува дека на Словенија ќе и бидат потребни дури пет милијарди евра за докапитализација на банките, изјави за Ројтерс близок извор запознаен со тоа прашање. Официјалните лица изјавија дека со помош на тој износ би избегнале барање на меѓународна финансиска помош. Словенечката влада не сака да бара помош, а еден владин фукционер неодмана изјави дека, и ако трошокот за спасување на банките биде дури 4,6 милијради евра, тоа нема да значи дека веднаш ќе се бара меѓународна помош, пренесе порталот Seebiz. Банките имаат околу 8 милијарди евра лоши кредити, што е отприлика четвртина од БДП, така што се почести се предвидувањата дека Словенија, земја од два милиони жители, можеби ќе стане шеста земја на еврозоната која бара помош однадвор.  
Слично

Поврзани вести