Економија, финансии, бизнис

Контакт

На скоро 500 огласи испратил CV и уште е невработен

На скоро 500 огласи испратил CV и уште е невработен

Додека младите луѓе одлучуваат да ја напуштат БиХ младиот Мирзет Омеровиќ од Кладња испратил на 480 огласи свое CV, но засега е невработен. 

Ова 24-годишно момче е упорно во потрагата по работа, но уште нема ангажман. 

Тој лани во јули дипломирал на Економскиот факултет во Тузла. 

Досега добил само 12 одговори на сите апликации кои ги испратил, но тој не губи надеж и вели дека ако е потребно ќе прати и 1.480 апликации, затоа што мора да си обезбеди егзистенција. 

Негова цел е да остане во БиХ и на многу свои врсници да им покаже дека со труд сепак може да се успее. 

„Имало ситуации кога сум одел од врата на врата и сум прашувал да не им треба работник, или пак имало ситуации кога ме истерувале од канцеларија“ - вели Омеровиќ. 

Ако е неопходно овој млад човек додава дека е подготвен да работи и во градежништво. 

Слично

Поврзани вести