Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СКОРО 30 СТЕПЕНИ ОЛУЈАТА НОСЕШЕ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Регионот, Хрватска и БиХ зафатени од разорно невреме

НА СКОРО 30 СТЕПЕНИ ОЛУЈАТА НОСЕШЕ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Регионот, Хрватска и БиХ зафатени од разорно невреме

Невреме придружено со силен дожд, град и грмотевици го погоди Требиње во Босна и Херцеговина околу 14 часот, а силниот ветар кршеше гранки на дрвјата. Поројниот дожд беше заменет со град, а улиците беа поплавени.

Последниот силен дожд во Требиње падна кон средината на мај, кога за еден ден наврнаа околу 40 литри дожд.

Во Хрватска, пак, порој ги зафатил градовите Каштела, Солин, Сплит и дел од Подстрана. Како што објавуваат локалните медиуми, 45 литри дожд на метар квадратен наврнале, а улиците биле поплавени.

Западно од Сплит, за помалку од 30 минути наврнале 33 литри дожд, 28 во Каштела и 23 во Солин.

Ситуација била најзагрижувачка во Блатин, каде што нивото на водата достигна половина метар.


ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести