Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СИТЕ НИ БЕШЕ ЧУДНО ШТО ТОЈ СО ГОДИНИ Е ВО РУСИЈА, А КУЌАТА ИМ Е НЕСРЕДЕНА - со љубовникот го „забетонирале“ сопругот, а кажувала дека е во странство

НА СИТЕ НИ БЕШЕ ЧУДНО ШТО ТОЈ СО ГОДИНИ Е ВО РУСИЈА, А КУЌАТА ИМ Е НЕСРЕДЕНА - со љубовникот го „забетонирале“ сопругот, а кажувала дека е во странство

Во нивната куќа немаше напредок, иако таа велеше дека сопругот со години и е во Русија. Тоа ни беше многу чудно. 

Вака за Блиц.рс коментираат жителите на селото Велико Трњане кај Лесковац, каде од вчера се развива топката од ужасен криминал. Имено, вчера во помошниот објект во дворот од куќата во ова село најпрвин било пронајдено телото на сопругата Билјана С., а потоа било откриено и пронајдено уште едно тело залиено во бетон, а според сомневањата, тоа е телото на нејзиниот сопруг Иван С. 

Сомневањата се дека Билјана и нејзиниот љубовник го убиле сопругот пред четири години, а потоа во куќата му го бетонирале телото. Откако вчера беше пронајдено нејзиното тело, нејзиниот љубовник, чиј идентитет се уште не и е познат на јавноста, во полиција раскажал каде се крие телото на нејзиниот сопруг Иван, за кој сите мислеа дека со години живее и работи во Русија.

Мештаните велат дека им било чудно што Иван никогаш не се појавил четири години и дека не им било јасно зошто не ја поправале куќата кога тој веќе работел во странство, но не се ни посомневале за ваков исход.

Како што јавува дописникот на Блиц од местото на настанот, полицијата го обезбедува местото на злосторството и во тек е увид, како и истрага за овој неверојатен случај.

Инаку, има трага дека Иван С. влегол во Србија во 2019 година, но оттогаш никој не го видел ниту слушнал.

Билајана на сите им кажа дека е во Русија, дека таму има нов живот и дека не сака контакт со никој од Србија.

Сомневањата се дека Билјана се самоубила вчера, а мештаните мислеле дека тоа го направила бидејќи Иван ја оставил сама со трите деца.

Имаат три деца, ќерка и два сина. Само ќерката е возрасна.

Извор: Блиц.рс

Фото: Принтскрин фејсбук

Слично

Поврзани вести