Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Швајцарците им фалат градежници

На Швајцарците им фалат градежници

Во Швајцарија се бараат градежници. 

Повеќе од една третина од вработените во овој сектор се над 50 години. 

Во последните десет години во Швајцарија е намален бројот на младите кои одлучиле да се образуваат за ѕидари. 

За споредба,  во 2010 година тој број бил повеќе од 1.200 млади, лани бил над 700.

Здружението на градежните работници укажува дека имиџот на работите во таа стопанска гранка е полош од реалните услови.

Ѕидар приправник заработува повеќе од 1.800 франци, а за стручна работна сила при изградба на патишта платата е 2.300 франци. 

Стручните лица во градежништвото може да заработат и по 6.000 франци месечно, а доколку продолжи со образованието за шеф на градежништво може да прима плата и до 10.000 франци. 

Сепак, засега земјата не прима луѓе од Балканот, поради високиот број  на заразени. 

Слично

Поврзани вести