Економија, финансии, бизнис

Контакт

На што се греат скопските клиники – гас или мазут?

На што се греат скопските клиники – гас или мазут?
СДСМ го повикува министерот за здравство Никола Тодоров да излезе во јавноста и да објасни дали скопските клиники се греат на гас или на мазут. „Само пред три месеци, на 10 ноември 2013 година, министерот за здравство еуфорично објави почеток на греење на скопските клиники на гас. Спротивно на овие изјави, согласно документ од Бирото за јавни набавки, Клинички центар склучил договор со ОКТА за набавка на мазут за цела 2014 година“, вели потретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Договорот за набавка на мазут за греење на клиниките е во вредност од 2,671 милиони евра. Од Министерството за здравство појаснуваат дека склучениот договор за јавна набавка не значи и реализирана испорака, а ЈУ Заеднички служби нема никаква обврска доколку не се реализира нарачка или испорака на нафта. „Почитувани господа од СДСМ, Министерството за здравство, како секоја одговорна здравствена администрација, превентивно ги превзема сите чекори за да нема никаков прекин во редовното обезбедување на здравствената заштита и услуга за граѓаните на Република Македонија, во сите сегменти, па и во делот на снабдување на Клиничкиот центар со топлинска енергија и другите продукти кои се генераат преку топланата. Во таа смисла е направена и јавна набавка, која што сама по себе не генерира финансиска или материјална обврска, но во секој момент претставува резервна варијатна на обезбедување на енергенс, доколку од кои било  причини дојде до застој во работата со гасот, како на пример да биде прекината испораката на гас, поголем дефект во гасоводната мрежа итн“, појаснуваат од ресорното Министерство.
Слично

Поврзани вести