Економија, финансии, бизнис

Контакт

На што се должи статистичкото богатење на Бугарите?

На што се должи статистичкото богатење на Бугарите?

Богатството на домаќинствата во Бугарија се зголемува два пати побрзо од бруто домашниот производ на земјата за последните 10 година.

Причина за ова се склоноста на луѓето да штедат и високите каматни стапки, кои ги добиваа до 2013 година Така финансиското богатство на населението е тројно поголемо од 2005 година и на крајот на 2015 година надминува 65 милијарди лева или 75,6% од БДП, покажува анализа на „Индустри воч".

Според оваа анализа,  трендот од последните 10 година продолжува - зголемените финансиски ресурси доаѓаат од растот на приходите на вработените и протокот на емигрантски пари од странство. Приоритетите на домаќинствата се менуваат во текот на последната деценија. И покрај падот на каматата,  луѓето ги претпочитаат банкарските депозити како главен начин за чување на своето богатство. Уделот на банкарските депозити расте од 61,5% од финансискиот портфолио на населението во 2005 година до 65,2% десет години подоцна.

Од 2008 година досега цените на куќите во Бугарија поскапеле со 8%. И покрај градежниот бум во последните години, цените на недвижностите остануваат далеку од нивото пред кризата.

Слично

Поврзани вести