На што ќе ја подели најмногу добивката Прилепска Пиварница?
Прилепска Пиварница донесе одлука добивката по пресметани даноци остварена во 2016-та која изнесува околу 2,5 милиони евра да ја распредели делумно како дивиденда за акционерите кои се иматели на обични акции, а остатокот кој зафаќа многу поголем дел да ја намени во инвестиции како реинвестирана добивка.
Со тоа акционерите на Прилепска Пиварница АД Прилеп може да очекуваат поделба на колачот кој вреди нешто над 17 милиони денари. На акционерите на Прилепска Пиварница АД Прилеп ќе им се исплатат по 428,50 денари бруто за една акција.
- Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2016 година e 14 јуни годинава, а прв датум на тргување без право на дивиденда за 2016 година е ден подоцна.Исплатата на дивидендата за 2016 година ќе биде извршена најдоцна до 30.09.2017 година, соопштуваат од Прилепска Пиварница АД Прилеп преку Македонска берза.
Остатокот од добивката кој ќе биде наменет за инвестиции има вредност од 139.177.311 денари.
Х.С.
