Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Шилегов му фалат уште стотина гласа за убедлива победа во прв круг

На Шилегов му фалат уште стотина гласа за убедлива победа во прв круг

Според најновите официјални и нецелосно пресметани резултати големо водство има Петре Шилегов од СДСМ на кого математички му недостасуваат само уште 0,26% проценти од гласачкото тело во град Скопје или уште стотина гласови за да ја надмине границата од 50% со што ќе биде веднаш прогласен за победник.


Засега Шилегов има стабилно и високо водство со 49,85% од гласовите или вкупно освоени 113.183 гласови. Досега пресметани се 573 гласачки места или 83,65% од сите гласачки места во Скопје, а преостануваат гласовите од уште 112 гласачки места што значи дека возможно е доколку продолжи трендот на слевање на гласови на контото на Шилегов работата да биде завршена и да нема потреба од втор круг.

Доколку не биде исполнет цензусот, тогаш во вториот круг апсолутно оди Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 36% од гласачкото тело или освоено досега 81.739 гласови.

За евентуален пресврт Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се надеваат дека би ги добиле гласовите на БЕСА кои од досега пресметаните изнесуваат 10.277 за Нафие Селмани, но и тоа не би било доволно за победа доколку не ја намалат разликата во однос на Шилегов. 

Останатите кандидати за град Скопје имаат под 3% од гласачкото тело. Да потсетиме дека ДУИ нема свој кандидат во град Скопје, туку целосна поддршка за Петре Шилегов од СДСМ преку јавно објавената коалиција на локална ниво.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести