На секој втор му се намалиле приходите за време на пандемијата
На секој втор во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, според истражувањето на Галуп објавено денеска, а во кое учествувале 300.000 луѓе од 117 земји.
Поради пандемијата, многумина се соочиле со прекин на работата или со намалување на работното време, што довело до намалување на месечните приходи. Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија, соопшти Галуп.
Во Боливија, Мјанмар, Кенија, Уганда, Индонезија, Хондурас и во Еквадор, повеќе од 70 проценти од испитаниците изјавиле дека заработувале повеќе отколку пред пандемијата на коронавирусот.
Во САД пак, 34 проценти рекле дека имаат помалку приходи.
Слично
