Економија, финансии, бизнис

Контакт

На секој граѓанин му „виси“ долг од 2.088 евра?

На секој граѓанин му „виси“ долг од 2.088 евра?
Секој граѓанин должи  2.088 евра, а дневната камата за долгот изнесува над 380.000 евра. Македонската академија на науките и уметностите во реално време, достапен во секој момент за јавноста, објави “бројчаник за јавниот долг“. Преку овој бројчаник може да се следи состојбата со јавниот долг, заголемувањето или намалувањето во секоја секунда. Според последните податоци, јавниот долг изнесува 49,18 проценти од БДП. Бројките што ги објавува МАНУ се сублимат од информациите од Министерството за финансии и Светска банка. За разлика од МАНУ, според ресорното министерство јавниот долг, на крајот од 2015 година изнесувал 46,5 отсто. Бројчаник за дневно следење на јавниот долг веќе има во Хрватска, кој е достапен за јавноста.
Слично

Поврзани вести