Економија, финансии, бизнис

Контакт

На саемот за туризам во Варшава, Македонија со свој штанд

На саемот за туризам во Варшава, Македонија со свој штанд

Република Македонија за прв пат го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам што се одржува од 24 до 26-ти јануари во Варшава, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Според директорот на Агенцијата,  Јордан Трајков, ова саемско претставување е втор логичен чекор во долгорочниот промотивен план за Полска по минатогодишните средби меѓу македонските туристички агенции и полските тур оператори во Познањ, Варшава и Краков.

„ На саемот се претставивме подготвени, со нови промотивни материјали на полски јазик и пред се, прекрасен штанд. Во рамки на манифестацијата во најфреквентниот период во текот на вториот ден (денеска), заедно со Љупчо Михаиловски, ќе одржиме презентација пред полски тур оператори и новинари. Со ваквиот континуиран, долгорочен настап очекувам да продолжи трендот на зголемување на бројот на полски туристи кај нас, посочи Трајков.

Економскиот промотор за Полска и Унгарија Љупчо Михаиловски потенцира дека Полска е голема земја и е една од ретките во ЕУ која во услови на економска криза имаше растечка економија.

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ја претставува Република Македонија на четврти саем за туризам оваа година по Холандија, Австрија и Финска, а согласно програмата, до крајот на 2013 година планирани е присуство на уште 17 саеми за туризам низ светот.

 
Слично

Поврзани вести