Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Саемот за градежништво најавена голема понуда на проекти, плацови и станови

На Саемот за градежништво најавена голема понуда на проекти, плацови и станови

На годинашниов саем за градежништво и недвижности  кој почнува од 1 до 5 март ќе бидат претставени проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кои ги промовира Владата.

На саемот се очекува да бидат понудени над  3.000 плацови и 3.000 станови од општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Воедно Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектите кое преку погореспоменатите проекти ќе има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом и се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и RealExpo.

Посебно, оваа година граѓаните ќе можат да дојдат до информации за проектот „Купи куќа за млади“, како нов проект, каде што освен Министертвото за финансии општините кои ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади, кои ќе бидат присутни но овој саем.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда на станови и да го одберат најповолното за себе. На RealExpo ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти и до неколку илјади евра, а кои ќе важат само за саемските денови.

Оваа година со ваква понуда ќе се претстават Адора, Бортас, Дабар, Елена Лука Хоумс, Голден Арт, Козма б, ЗСФ, Колбико, Настел,  Капитол Инжинеринг, Хантерс, Импексел 2, Фабрика „Карпош“, Диас Констракшн, Трим и Лум. Како надополнување, достапни ќе бидат и понудите на атрактивни кредити за купување на недвижнини преку комерцијалните банки.

На Саемот на градежништво 2016 повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници како Тондах, Адинг, Интелком, Бим, Младост, Мелмакс како претставник на компаниите Ursa, Schidel, Tim Izolirka, Zorka и др. Работното време е од 10 до 19 часот.

Слично

Поврзани вести