На Русија сепак ќе и треба една деценија за да се опорави од западните санкции
На Русија ќе ѝ требаат 10 години за да се опорави од западните санкции.
Претседателот на Сбербанк, најголемата руска банка, Герман Греф излезе со ваква прогноза и вели дека трговијата е преполовена. Состојбата е лоша затоа што голем дел земји ги прекинаа економските врски со Русија.
„Зборуваме за закана од околу 15 отсто од БДП. Поголемиот дел од нашата економија е нападнат“, рече Греф.
ЕУ и САД воведе воведоа неколку сетови на санкции против Русија поради руската инвазија на Украина. Откако Русија ја почна војната, рубљата доживеа пад, но потоа се врати во нормала. Имаше прогнози дека Русија ќе се соочи со банкрот, но тоа не се случи.
Слично
