Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА РОКОТ МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈ: Досега од 39502 се пријавиле само 4391 спорни гласачи

НА РОКОТ МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈ: Досега од 39502 се пријавиле само 4391 спорни гласачи

Ни јавната кампања не влијае на одѕивот на спорните гласачи кои тррба да се јават во Државната изборна комисија и да го потврдат идентитетот за да можат да го остварат своето гласачко право на изборите кои се во најава.

Според последните информации на ДИК до денеска од вкупно регистрирани 39 502 спорни гласачи, 4391 поднеле апликација за тргање од листата на спорни гласачи.

Од ДИК посочуваат дека се прифатени 4306 поднесени барања за регулирање на избирачкото право, додека пак во обработка се 67 а во фаза на разгледување 18 апликации.

Имајќи ги предвид фактот дека бројката од близу 40 илјади спорни гласачи не е мала, одѕивот на „фантоми“ е мал.

Луѓето со податоци кои не се совпаѓаат со оние во избирачкиот список треба да се пријават до 19-ти август. Спорните гласачи коишто ќе го пропуштат рокот, ќе имаат и втора шанса за време на јавниот увид во избирачкиот список,  пред одржувањето на изборите.

„ДИК да го повлече списокот на спорни гласачи“!

Колку граѓаните кои се најдоа на списокот со спорни записи се реално спорни, а колку резултат на некомпатибилни основи за вкрстување на податоците е прашање кое деновиве го отворија незадоволните граѓани и  невладиниот сектор. Бројката на оние кои преку канцелариите на ДИК или по електронски пат го докажале своето гласачко право е мала, но големо е незадовоството и револтот кај многумина кои со години живеат на иста адреса и нивното име фигурира во сите бази на податоци. Моделот на прочистување на списокот што го договорија партиите засега не ветува дека ќе се врати довербата во него, туку е обид да  се дефокусира вниманието од вистинските фиктивни гласачи, вели за Фактор, Орхан Муртезани, претседател на Центарот за Демократија и Развој. Според него сеуште е нејасно по која методологија и врз кои критериуми ДИК  го состави овој список на спорни гласачи, па оттука бришењето на гласачите ќе значи лишување од уставно загарантираното право на глас.“Иако првичниот став беше дека станува збор за граѓани кои живеат и работат во странство, секој ден има стотина случаи кога револтирани граѓани изразуваат незадоволство дека се опфатени во овој список, иако никогаш не живееле во странство. Ако го додaдеме  и фактот дека за пријавување на скоро 40 000 гласачи дадени се само дваесетина дена за да се пријават, фактот дека се наоѓаме во период на годишни одмори со што дополнително се усложнува работата, плус фактот дека на списокот се најдени комплетни фамилии на раководни лица од поновите албански опозициски партии, ние сме уверени дека станува збор за обид за лишување на правото на глас”- вели Муртезани.

Слично

Поврзани вести