На релација Скопје-Истанбул се нормализира сообраќајот
Летовите на авиокомпнаијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје и обратно, се одвиваат според распоредот на летање.
Летовите претходно беа откажани поради настаните во Турција. Авиосообраќајот кон Анталија, кој ни вчера не беше во прекин, се одвиваше и во текот на ноќта.
Летовите на меѓународниот аеродром во Истанбул „Ататурк“ се обновени по прекинот од околу 24 часа поради неуспешниот обид за пуч.
Летови од и до Истанбул вчера попладне извршуваа воглавно турските авиопревозници, а другите авиокомпании сметаа дека им е потребен уште еден ден за да се уверат дека мерките за безбедност се целосно воспоставени.
Националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ претходно информираше дека се обновени летовите од меѓународниот аеродром во Истанбул по неуспешниот обид за преврат во петокот вечерта, додека некои странски авиопревозници ги откажаа летовите во текот на викендот.
Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“ вели дека летовите повторно се извршуваа согласно редовниот распоред во третиот по големина аеродром во Европа, иако може да се очекуваат одредени доцнења.
