На работа во Ирска заминале 5.000 Хрвати
Околу 5.000 Хрвати заминале на работа во Ирска, каде земаат плата од 2.468 евра што е за над 200% повеќе отколку во Хрватска.
Во потрага по подобар живот, лани во Ирска отишле околу 5.000 жители на Хрватска, а во јануари уште 396 граѓани. Многу од нив со себе ги земале и децата и се претпоставува дека сосе нив бројот на отселени е 5.500 луѓе. Повеќето од нив се од економски и земјоделски уништените Славонија и Барање. Само стотина луѓе отишле во Даблин или некој друг ирски град, но не успеале да најдат вработување и се вратиле назад.
„Зошто сум се иселила од таа преубава земја, ме прашуваат често. Затоа што со плаќање на давачки просечната плата во Загреб е 714 евра, а во Даблин е 2.468 евра. Сите државни празници се одбележуваат во понеделник, освен Божиќ и Нова година“- вели Ана Марија, авторка на блогот Живот во Даблин.
Таа раскажува дека Ирците по менталитет се слични на Хрватите.
Слично
