Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА РАБОТА ВО ЕУ: Кои се придобивките за граѓаните кои поседуваат европски пасош?

НА РАБОТА ВО ЕУ: Кои се придобивките за граѓаните кои поседуваат европски пасош?
Во последно време се повеќе македонски граѓани решаваат да ја напуштат родната грутка, и во потрага по подобар живот да заминат на работа надвор од Македонија. Според најновите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 граѓани што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 заминале во Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија. Значи, најмногу во Европа. Тоа беше повод, да направиме едно истражување, што за Вас значи европскиот пасош, кои поволности ги нуди и обратно што значи кога сакате да заминете надвор од земјата а немате некој од пасошите со ѕвездичка? Со донесување на Шенгенскиот договор од 1985 година се предвидува слободен проток-движење на граѓаните членки на Шенген. Во проектот ЕВРОПА БЕЗ ГРАНИЦИ, сите оние кои поседуваат ЕВРОПСКИ ПАСОШ имаат право на слободно движење низ ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Eiffel-Tower-Paris-France Во борбата за решавање на работното место и обезбедување егзистенцијални основни потреби или подобра заработка на месечно ниво, наши граѓани од разни работни профили како што се доктори, медицински сестри, келнерки, шанкерки, разни мајсторски профили, шофери на камиони и автобуси се решаваат на чекорот да поседуваат двојно граѓанство(односно пасош од нашите соседни земји). Отворање на вратите за социјални бенефити Така, поседувањето на двојно државјансто,  по правило едно од матичната земја каде сте родени, а другото  од земјата од која сте го извадиле пред се заради обезбедување на економски интерес, ви ги отвара вратите кон европските бенефити. Бенефитите не подразбираат само обезбедување на работа, туку и обезбедување на социјалните права, трудовата политика на европската унија, слободен пристап до институциите на целата унија. germanija-berlin Како сопственик на пасош со европска држава најбитно што прво треба да направите е да го регулирате престојот во земјата членка, односно да имате пријавено адреса за живеење во Полиција, во местото во кое престојувате. Потоа  треба да си ги регуллирате трансакциска сметка во банка и социјален број, за да може да  добиете код-број осигурителен. [button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/09/20/rabota-vo-germanija-na-oglas-golema-izmama-ili-ostvaruvane-na-snishtata/" ]Работа во Германија: Голема измама или остварени сни?[/button] Со следниот чекор се пријавувате во предвидениот законски рок дека барате работа, во завод за запослување во земјата членка каде престојувате. Кога ке најдете работа регуларно може да ве запосли работодавачот со договор за вработување и да ви издаде П О Т В Р ДА дека сте вработено лице. Со добивањето на овој документ фактички вие  може слободно  да останете да живеете во таа земја членка како вработено лице, притоа користејќи ги сите социјални и трудови права како што ги користат и граѓаните на европската унија кои се родени и живеат во тие земји. london-01 По карактеристични права кои се во доменот на интерес на „балканците“ кои поседуват европски пасош се и: -Во случај доколку на лицето му прекине работниот однос или недоброволно бил невработен, тоа лице  ги задржува одреден период сите права на работник, кој бара работа. -Право на образование имаат децата на работниците од други земји членки во земјата каде престојуваат. -Право во случај на невработеност, (надомест од тамошниот завод за вработување доколу осигуреникот ги исполнува условите пропишани со закон) Без пасош престој до 90 дена За разлика од лицата кои поседуват европски пасош, тие што не успеале овој документ да го извадат ги немаат сите овие  привилегии, а кои ги уживаат граѓаните на ЕУ.  Лицата кои не поседуваат европски пасош имаат право на престој максимум до 90 дена во шенген зоната. За тој период можат да барат работа доколку има побарувачка од работодавачи, а притоа нема заинтересирани ЕУ граѓани за тоа работно место. madrid Само во тој случај  работодавачот може да го вработи (НОН ЕУ граѓанинот) и да му обезбеди работна дозвола за одреденото работно место. По добивањето на работната дозвола , барателот на работа , мора да поднесе барање на дозвола за престој во ЕУ и тоа до Полициските органи во местото каде престојува. Поволности и за правните лица Граѓаните на европската унија и како физичко и како правно лице, кои имаат фирми и надвор од сопствената земја-односно отворено фирма во друга земја членка од ЕУ исто така  уживаат во правата што им ги нуди  европската заедница. Со воспоставување на ЗАЕДНИЧКАТА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА тие го имаат поволниот ефект на укинување на царинските давачки помегу земјите членки од Унијата, постигнување договори на единство во мерките на либерализацијта на пазарот, извозната политика и мерките за заштита на трговијата. the-colosseum-rome-italy Токму поради сите овие причини  одреден дел од граѓаните се одлучуват да извадат европскиот пасош (европското граѓанство). Потребата за обезбедување на подобар живот, надминување на егзистенционалните проблеми, обезбедување на  работно место и посветла иднина за своето семејство, по се изгледа се посилни од вечниот стремеж да не се напушти родната грутка. Р.Ф. прочитајте: ВИ ЈА ОТКРИВАМЕ НАЈГОЛЕМАТА ЈАВНА ТАЈНА: Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?
Слично

Поврзани вести