На протестот во Солун нападнати канцелариите на „предавниците“
Околу 4 илјади луѓе протестираа вчера во Солун, против договорот за името меѓу Грција и Македонија. Демонстрантите, повеќето од нив од крајната десница, носеа транспаренти на кои било напишано „Политичари предавници“.
Тие ги нападнаа локалните канцеларии на владејачките партии Сириза и Независни Грци, по што полицијата ги растера со солзавец. Грција и Македонија на 17 јуни потпишаа историска спогодба за решавање на спорот на името.
Слично
