Економија, финансии, бизнис

Контакт

На продажба храмот Аполон во Атина

На продажба храмот Аполон во Атина
Грција го продава храмот на Аполон, тврди грчкиот неделник „Пондики“. Археолошката атракција се наоѓа на плажа, која е дел од хотелски комплекс во Атина, што се нуди за продажба преку агенцијата за приватизација ТАИПЕД. За посета на храмот е потребна дозвола од сопственикт на хотелот, кој отсега може да биде и приватно лице. Жителите на регионот и граѓанското движење „Алтернативно дејствување за квалитетен живот“ упатија повик до Владата, пратениците, политичките партии и судските власти итно да реагираат. Тие бараат итно запирање на постапката за продажба на археолошкиот храм и инфраструктурата, шумата и плажата во реонот. Храмот на Аполон е откриен при ископувња во 1926-27 година и е со димензии 13 на 7 метри.
Слично

Поврзани вести