Економија, финансии, бизнис

Контакт

На продажба сите грчки банки во Србија

На продажба сите грчки банки во Србија

Сите грчки банки во Србија се на продажба-Војвоѓанска банка (NBG), Пиреус банка, Еуробанка и Алфа банка, вели поранешниот гувернер на Народната банка на Србија Радован Јелашиќ.

Јелашиќ инаку сега е член на „Хеленик фајненшал стабилити фонд“ во Грција.

Тој рекол дека со интерес следи „како оди продажбата на Војвоѓанска банка (NBG), како оди продажбата на Пиреус банка, Еуробанка и Алфа банка“.

„Алфа е дефинитивно пред крај. Ние таму како „Хеленик фајненшал стабилити фонд“ имаме мал дел. За нас е поважно што ќе биде со продажбата на NBG, каде имаме 40 отсто сопственост и Пиреус банка“, рекол Јелашиќ за српски медиуми.

Нагласил дека тие пари и тоа како и се потребни не само на Европа, туку и на грчкиот даночен обврзник, кој во Хеленик вложил околу 35 милијарди евра.

Јелашиќ сега е вклчен во давањето лиценца во грчките банки, помеѓу останатото и во Србија. а како член на надзорниот одбор кој има 40 отсто сопственост во Националната банка на Грција и 20 отсто во Пиреус, учествува во продажбата на сите тие банки , не само во Бугарија и Романија туку и во Србија.

Слично

Поврзани вести