На приватните универзитети нема да може да се докторира
Владата усвои пакет предлог закони за образованието. Се чини дека дополнителна контроверза ќе внесе предлогот со кој запишување на докториски науки ќе биде можно само на универзитетите кои се наоѓаат во топ пет местата на Шангајската листа.
На оваа листа според последното рангирање до петото место нема ниту еден приватен униврзитет.
Министерството за образование ја објави листата на која на првите пет места се државни универзитети - на второ место е универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, па следуваат Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, охридскиот универзитет „Св.Апостол Павле“ и универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Слично
