Економија, финансии, бизнис

Контакт

На презентација во Белград; Какви се економските и европски перспективи на Западен Балкан?

На презентација во Белград; Какви се економските и европски перспективи на Западен Балкан?

Како дел од проектот на Вестминстер фондацијата за демократија, претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, Владанка Авировиќ, ќе учествува на промоцијата на регионалната студија: Економски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи денеска во Белград, Република Србија.

Целта на овој настан е презентирање на наодите на публикацијата, која дава преглед на економската состојба во земјите од регионот и нивниот напредок кон ЕУ, дискусија за идните чекори на проектот, со цел споделување на најдобрите практики од земјите во регионот, како и да ги елиминираат нивните слабости, да ги информира сите заинтересирани акционери за регионалната мрежа и нејзините активности, со цел да се прошири мрежата, вклучувајќи владини претставници и истражувачи од регионот.

Регионалната мрежа на парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан, беше формирана на Регионалната парламентарна конференција во Белград (март 2009 година), со цел да се унапреди соработката помеѓу парламентите во регионот.

Слично

Поврзани вести