Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПОВРШИНА ОД 4000 КВАДРАТНИ МЕТРИ: Еве кој е градот каде никнува најголемиот „Старбакс“

НА ПОВРШИНА ОД 4000 КВАДРАТНИ МЕТРИ: Еве кој е градот каде никнува најголемиот „Старбакс“

И покрај многубројните шушкања, Старбакс уште не ги отвори своите врати во соседството, но тоа не го менува фактот да се радуваме на секој негов нов кафе бар, така да без разлика каде и да се наоѓаме, можеме да уживаме во се она по што овој ланец на сјајно кафе и појадок е познат.

Најголемиот „Старбакс“ во светот го најави своето отворање на 15 ноември со почеток во 10 часот, во четирикатна зграда во населбата Magnificent Mile во Чикаго. 

Се работи за локал од новата висока линија на „Старбакс“ - „Starbucks Roasteries“ па така покрај Њујорк, Сиетл, Милано и Токио, на оваа листа ќе се најде и Чикаго. 

„Starbucks Roasteries“ кафичите се познати по своите големи пржилници, посебни барови за крафт коктели и во понудата може да се пронајде нешто поатрактивна понуда на храна, а исто така целата приказна е и голема туристичка актракција. Исто така во „Старбакс“ ќе работи пекарницата Принци, а она што овој „Старбакс“ го прави посебен е фактот дека ќе зазема површина од дури четири илјади квадратни метри и како таков ја презеде ласкавата титула од најголем „Старбакс“, која досега ја носеше таа во Токио.



Слично

Поврзани вести