На повидок нови инвестиции: Јапонска бизнис делегација ги разгледува можностите во земјава
Бизнис делегација од Јапонија од денес па во следните два дена е во посета на земјава.
Предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи делегацијата ќе ги разгледува можностите за инвестиции во земјата.
Според најавите од владата ќе биде посетена Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и да направи обиколка на Бунарџик 1 и 2 а премиерот организира и вечера за министерот и за бизнис делегацијата.
Ќе има и билатерална средба со владиниот економски тим на која јапонската делегација ќе се запознае со инвестициските можности во нашата земја и за политиките за првлекување странски директни инвестиции.
Слично
