НА ПОВИДОК НОВА КРИЗА: Ова се заканите за глобалната економија
Според Economist Intelligence Unit, глобалната економија се соочува со највисоко ниво на ризик.
Mногу глобални и регионални сили се натпреваруваат за моќ и влијание, a САД ќе ја губи доминацијата.
Продолжениот пад на големите берзи ја дестабилизираше светската економија.
Непосредна причина за нестабилноста во последно време беа податоците за работните места во САД, кои покажаа забрзување на растот на номиналните плати на годишна основа.
Постои опасност од колапс во цените на акциите на САД, кои ќе се шират низ целиот свет. Продолжената криза ќе создаде големи ризици за глобалната економија.
Economist Intelligence Unit прогнозира дека подоцна оваа година ќе има нов договор за нафтата, но ризикот претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од договорот останува.
Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина од октомври 2017 година постави цел Кина да стане „водечка глобална сила" и да има најдобра армија до 2050 година.
Ова ќе й даде на Кина уште поголема храброст да ги потврди своите историски права во Јужното Кинеско Море. Според Economist Intelligence Unit избувнувањето на воен конфликт поради територијалниот спор е малку веројатно. Експертите предупредуваат дека не може да се исклучи можноста мали конфликти да прераснат во посериозни инциденти.
Ако тоа се случи економските последици би биле значајни. Економскиот раст ќе трпи последици, а регионалните мрежи за снабдување и превозните линии ќе бидат вознемирени.
