Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПОВИДОК ЛИДЕРСКА СРЕДБА: Партиите имаа билатерални средби со Орав и Бејли

НА ПОВИДОК ЛИДЕРСКА СРЕДБА: Партиите имаа билатерални средби со Орав и Бејли

Има напредок и е можен излез од политичката криза кон крајот на неделава . Ова го изјавија амбасадорите Орав и Бејли по завршувањето на билатералните средби со претствници од партиите потписнички на договорот од Пржино.

Американскиот амбасадот Џес Бејли искажа надеж дека ќе има напредок во деновите што следат, додека пак амбасадорот на ЕУ Аиво Орав се надева на брзо постигнување на договор.

На одвоените средби се разговарало за утврдување на датмот за избори и утврдување на форматот на владата која ќе треба да ги спроведе изборите.

 Претставник на денешните одвоени средби од ВМРО-ДПМНЕ бил  Никола Тодоров, Радмила Шекеринска од СДСМ, ДУИ- Артан Груби и од ДПА- Имер Алиу.
Слично

Поврзани вести