Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПОВИДОК ИЗБОРИ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа предлозите на опозицијата

НА ПОВИДОК ИЗБОРИ: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа предлозите на опозицијата

Владеачката партија се согласи на сите предлози кои ќе ги предложи опозицијата.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите  услови на СДСМ.

Никола Грувски по заминувањето од преговарачката маса на која беа лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА упати порака во која рече дека прифаќа се што ќе даде опозицијата како предлог само СДСМ  да не даде уште едно алиби за одложување на изборите.

„ Со оглед дека ние ги кажавме нашите ставови и практично сите работи што ги поставуваа како некакви услови, им ги прифатиме, ги оставаме да се договорат. Ќе дојдеме подоцна, кога ќе бидат готови за да потпишеме што треба“, рече Груевски.

Во однос на предлогот на СДСМ за уредник на информативната програма на МРТВ, Санта Агирова, Груевски вели дека Агирова е  партиско решение и непристрасна личност со јасен политички став.

„Во врска со денешните преговори на партиите, на нас ни се потврди она што цело време мислевме дека ќе биде, а тоа е дека СДСМ не сака решение во Македонската телевизија кое ќе биде независно, непристрасно и слично, и тука сакаат партиско решение. Тие ја предложија госпоѓата Санта Агирова, поранешен шеф на кабинет на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни на СДСМ, која беше потпретседател на партијата во минатото и член на т.н. група „Шарена револуција“, која има прилично јасно изразено политичко мислење, политички став, партиска позиција и со тоа се покажа дека практично целта на СДСМ не е да има некоја непристрасна личност, која нема да припаѓа ниту на едната, ниту на другата страна. За да не им даваме можност повторно да избегнуваат избори и тоа да им биде причината повторно да ги одложуваат ние им го прифаќаме тоа решение“, потенцира ес премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа и методологијата што ја барала СДСМ во однос на ад хок телото, оставајќи им простор на СДСМ, ДУИ и ДПА да се договорат за петтиот член на телото кое ќе ги мониторира медиумите 100 дена пред избори.

„Со тоа што оставивме на останатите партии да се договорат за спорниот член, покажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ, како и претходните два пати, е подготвено за избори, истакна Груевски.

Слично

Поврзани вести