Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПОВИДОК Е КРИЗА: Tанкери за нафта и гас избегнуваат да пловат низ Ормутскиот теснец

НА ПОВИДОК Е КРИЗА: Tанкери за нафта и гас избегнуваат да пловат низ Ормутскиот теснец

Голем број танкери за нафта и гас избегнуваат да пловат низ Ормутскиот теснец, кој го поврзува Персискиот Залив богат со нафта со Индискиот Океан, откако САД и Израел го бомбардираа Иран.

Бројни сопственици на бродови внимателно го следат развојот на ситуацијата на Блискиот Исток.

Танкерите за нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ги преиспитуваат своите транзитни политики, а други им дозволуваат на своите бродови да пловат, но со зголемена претпазливост, објавува порталот „Блумберг“.

Ормутскиот теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи една петтина од светската морска нафта и течен природен гас поминува низ оваа рута секој ден.

Службеник на поморската мисија на Европската Унија „Аспидес“ изјави дека во текот на викендот бродовите добиле VHF сигнали од Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК), кои се користат за безжична поморска комуникација, наведувајќи дека „ниту еден брод не смее да помине низ Ормутскиот теснец“.

Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, истакна дека Иран формално не ја потврдил оваа забрана, објави Ројтерс.

Со години, Техеран се закануваше дека ќе го блокира тесниот воден пат како одмазда во случај на напад врз Исламската Република.

Ормутскиот теснец е еден од најважните поморски патишта во светот за извоз на нафта, поврзувајќи ги најголемите производители на нафта во Заливот, како што се Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати, со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Слично

Поврзани вести