Економија, финансии, бизнис

Контакт

На потонатиот сплав во Белград имало три пати повеќе гости за Нова година

На потонатиот сплав во Белград имало три пати повеќе гости за Нова година

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од потребното и дека понтоните на сплавот не биле со иста издржливост како и претходните.

„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова, за никогаш повеќе да не се повтори и да бидат одговорни оние кои следниот пат ќе пуштат повеќе луѓе од пропишаното, а ќе треба да пропишеме да се испита квалитетот на понтонот и да се утврди јасен услов да се каже колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе одговараат кривично, без разлика дали нешто ќе се случи или не“, нагласи Шапиќ во изјавата за новинарите.

Градоначалникот истакна дека е добро што никој не е повреден, но лошо е што сето ова се случило.

Шапиќ додаде дека му било кажано дека во инцидентот на сплавот „Фристајлер“ две девојки биле полесно повредени и дека никој не е посериозно.


Слично

Поврзани вести