НА ПОТЕГ КРИВИЧНИОТ СУД: Ќе ги прифати ли жалбите за притвор на Јанакиески и Темелко?
Дали судот ќе ги прифати или одбие жалбите што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе поради одбиените барања за притвор на осомничените лица во акцијата „Титаник“ ќе се знае денеска.
Имено, Кривичниот суд денес ќе се произнесе само за жалбите поднесени за екс министерот за труд и социјала Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и уште две други лица, а не за сите како што најавија завчера.
Според информациите на судот денеска околу 13 часот треба да бидат соопштение деталите поврзани со жалбите за првите осомничени кои се појавија на сослушување и куртулија од притвор.
Досега сите девет лица осомничени во предметот „Титаник“ куртулија од притвор, а алтернативни мерки Судот им одреди на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и на членот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури.
Темелко треба да се јавува во Судот во ресен еднаш неделно, а на Гури му беа одредени мерки за претпазливост.
Одлуките на Судот да не одреди ниту една мерка притвор ја отвори темата од итност за независност на судството .
Експерти и дипломати досега многупати посочија на потреба од формирање на специјален суд.
