На полноќ поскап бензин на пумпите
Повторно поскапуваат горивата. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика, правдајќи го ова зголемување со растот на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и односот на денарот во однос на доларот.
Од полноќ Еуросупер БС-95 поскапува за 1,5 денар за литар и ќе изнесува 82,5 денари, додека пак за еден денар поскапува Еуросупер БС-98 и ќе изнесува 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот изнесува 70 денари, на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 58.50 денари.
Пад има и кај цената на мазутот и ќе изнесува 41,7 денари за килограм.
Оваа промена на цените регулаторот ја прави секоја втора седмица, односно секој втор понеделник во мецецот бележејќи ги движењата на цените на светските берзи.
Слично
