Економија, финансии, бизнис

Контакт

На полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници

На полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници

На полноќ вечерва истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Од Државната изборна комисија, кажаа дека до синоќа не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници. ДИК откако ќе ги добие листите, има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Ако има недостатоци, тие ќе треба да се отстранат исто во рок од 48 часа.

Од Народното движење за Македонија најавија дека денеска во 13 часот ќе достават листи на кандидати за пратенци.

Слично

Поврзани вести