На Пелагонија повторно ѝ се закануваат поплави
Жителите во пелагониските села стравуваат од нови поплави во овој регион, поради обилните врнежи деновиве.
Тие се плашат да не се повтори истата несреќа, како онаа од пред осум месеци кога поплавите предизвикаа големи штети во Пелагонија.
Неколку жители од овај регион, во изјава за Телма се пожалија дека реката не била темелно исчистена, иако било најавено од надлежните, а не се чистела ни каналската мрежа.
Дел од граѓаните, се пожалија и дека не им биле исплатени парите за февруарските поплави.
Градоначалникот на Новаци пак, Лазар Котевски кој е главен координатор за активностите за чистењето на Црна Река уверува дека наскоро ќе почне оваа акција.
Во план биле да се санираат 14 пропусти на реката и превентивно да се отстрани вегетацијата.
Инаку, во поплавите во февруари оваа година, Пелагонија буквално беше под вода, а со тоа се направи вкупна штета од 7 милиони евра во општините Могила, Новаци и Битола.
Слично
