На патот до ЕУ ни стои цела планина
Македонија и Грција и натаму остануваат далеку од компромис за решение на спорот со името. Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по состанокот со грчкиот колега Никос Коѕиас во Атина.
„Меѓу двете земји има суштински разлики во ставовите и многу тешко дека за брзо ќе дојдеме до решение. Ќе мораме да искачиме планина за да го решиме овој проблем”- рече Попоски.
На оваа средба беше најавено грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас да презентра неколку идеи за надминување на спорот, но тоа не се случи.МИА пренесува дека на средбата е разговарано и за мерките за градење доверба кои, како според Попоски, можеби се симболични, но се многу значајни во поголем број области, вклучително и економската, културната и образовната соработка.
Ова е прва посета на македонски министер за надворешни работи на грчкиот главен град по пауза од речиси 15 години.
