На осомничен од „Транспортер“ му е укинат домашниот притвор
На осомничениот С.Б. во случајот „Транспортер“ му е укинат домашниот притвор.
Судот денеска одлучил против него да се определат мерки на претпазливот како мерки за обезбедување на негово присуство во истрагата.
„По разгледување и ценење на предлогот на СЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја укина мерката куќен притвор и определи мерки за претпазливост, забрана за напуштање живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа и обврска обвинетиот да се јавува во судот во Битола“- стои во одлуката.
Случајот „Транпортер“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство се однесува на превозот на ученици во Битола.
Во „Транспортер“ градоначалникот на Битола, Владимир Талески, заедно со претседателот на Комисијата за јавни набавки на Општината, се товари дека во договор со директорите на основните и средните училишта во градот и одговорни лица на повеќе превозници го оштетиле државниот буџет за околу 360.000 евра.
