Економија, финансии, бизнис

Контакт

На оштетените од „Фиком“ им дојде преку глава – излегуваат на протест!

На оштетените од „Фиком“ им дојде преку глава – излегуваат на протест!
Граѓаните кои останаа оштетени по станбената афера „Фиком“ го губат трпението. Излегуваат на протест за да бараат конечна разрешница на судскиот процес за овој случај, кој трае веќе 8 години. Според Координативното тело на оштетените граѓани, протестот ќе започне утре во 11 часот пред Зградата на Антигона кај Стара Рампа во Општина Кисела Вода - Скопје. Незадоволните граѓани најавуваат дека ќе ја блокираат улицата пред објектот. „Воедно, координативното тело во името на сите оштетени во процесот јавно им се извинува на сите граѓани на Општина Кисела Вода кои утре во горенаведниот период нема да можат да поминуваат на одредената локација на која ќе се одржи протестот“, стои во соопштението. Случајот „Фиком“ е една од најголемите измами со продажба на станови во Македонија. Стотиците граѓани ги уплатиле парите за становите пред 10-тина години, не знаејќи дека еден стан бил продаван истовремено на неколку лица.
Слично

Поврзани вести