На новинарот Кежаровски ќе му се суди по итна постапка
Земајќи ги предвид случувањата изминатите денови со протестите, а и штрајкот со глад на новинарот Томислав Кежаровски, случајот ќе се суди по итна постапка на 9-ти Август, изјавил за „Утрински весник, судијата Владимир Панчевски.
За Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски ваквата одлука на судот е изненадувачка. Тие очекуваат Кежаровски почетокот на судењето, колку и да е итно, да го дочека на слобода.
Одборот, денеска во Собранието, достави 123 маици со натпис „Слобода за Кежо“. Од пратениците очекуваат сите да застанат во одбрана на демократијата, слободата на изразувањето како и можноста Томислав Кежаровски да се брани од слобода.
По одлуката на Кривичниот суд кој по трет пат му одреди нови 30 дена притвор на новинарот Кежаровски, осамнаа графити со натпис „Слобода за Кежо“ пред Собранието, на тарабите кај старата зграда на Министерството за надворешни работи, на улица Македонија, кејот, кај МНТ како и на други места во градот.
Но, овие графити ескпресно беа избришани пред стартот на седницата за пратенички прашања на која присуствуваат министрите и премиерот.
Слично
