Економија, финансии, бизнис

Контакт

На натпреватор на НАСА Македонци со прво место

На натпреватор на НАСА Македонци со прво место

Македонскиот тим, составен од Филип Димитровски, Костадин Лазаров, Дарко Тодоровски и Филип Макрадули,  го освои првото место на глобалниот Space App предизвик на НАСА, со 48 195 гласови.

Нивниот тим „Avis“ убедливо водеше пред останатите 24 тимови, а сега следува официјална верификација на резултатите од НАСА. Откако и официјално ќе се потврди, четворицата ќе отпатуваат во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, каде ќе имаат можност да го развиваат својот проект, а ќе имаат шанса и да присуствуваат на лансирање на ракета.

Тие одбраа предизвик од категоријата Аеронаутика. Предизвикот се вика „Don’t crash my drone“ и целта беше да им се овозможи на корисниците на дронови во домашни услови да можат да летаат и да си „играат“ со дроновите, но на многу лесен начин и без страв дека ќе го срушат или скршат својот дрон.

Тие ќе имаат можност и да присуствуваат на лансирањето на ракетата.

Слично

Поврзани вести