На Народниот правобранител не му дале право на глас во Собранието
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска бил спречен да зборува во парламентот на седницата за ребаланс на Буџетот, јавува НОВА. Канцеларијата на правобранителот го потврдила инцидентот.
Правобранителот сакал да зборува пред пратениците бидејќи власта решила да скрати од буџетот на институцијата „Народен правобранител“ 4 милиони и 236 илјади денари од тековната 2015 година.
Тогаш, службите на парламентот му рекле дека тој нема право на глас на вакви седници, а правобранителот се обидувал да им објасни дека такво нешто во законот не постои. Откако не успеал да им објасни си заминал од Парламентот.
,,Запрепастувачки беше тоа што се случи, не може до толку да не познаваат процедурите и законите. Правобранител беше практично набркан, а отиде таму за да го одбрани својот буџет со кој им се помага на граѓаните на Македонија и да ги повика пратениците да излезат во пресрет на потребите на институцијата Народен правобранител'' - велат од Канцеларијата за НОВА.
Откако службите на Парламентот увиделе дека направиле грешка и му се јавиле на Мемети да се врати назад, но тој одбил.
