Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА МОМЧЕ МУ ИЗГОРЕЛА КОСАТА, ЖЕНА НЕ МОЖЕЛА ДА ОДИ, ОДНЕСЕНА СО ИТНА ПОМОШ - очевидци за експлозијата во центарот на Белград

НА МОМЧЕ МУ ИЗГОРЕЛА КОСАТА, ЖЕНА НЕ МОЖЕЛА ДА ОДИ, ОДНЕСЕНА СО ИТНА ПОМОШ - очевидци за експлозијата во центарот на Белград

Три лица се повредени во експлозија на боца со гас што се случи на улицата Чика Љубина во центарот на Белград, во ресторан за брза храна. Жената која работи во локалот е сериозно повредена и била однесена од екипа на брза помош.

Повреден е и шефот на ресторанот од другата страна на улицата, кој дошол на помош.

Според очевидци, пожарот и чадот набргу се прошириле низ оваа улица.

„Бев во блиската пошта и видов чад и оган, па истрчав да видам што се случува. Повредената жена била однесена од екипи на Брза помош, таа не можела да оди сама. Изгоре косата на друго момче“, рече очевидецот Сокол Пешиќ за Блиц.рс.

Две противпожарни екипи се на терен, полицијата го блокираше пристапот од околните улици, а на повредените им се помага на местото на настанот.

Има еден тешко повреден маж, но и неколку други лица се повредени, во експлозија што се случила во Белград, известиваат други српски медиуми. 

Извор и фото: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести