Економија, финансии, бизнис

Контакт

На местото на Јовановиќ нов советник, Тевдовски не мисли дека треба да биде сменет

На местото на Јовановиќ нов советник, Тевдовски не мисли дека треба да биде сменет

Бранимир Јовановиќ, довчерашниот советник на министерот за финансии Драган Тевдовски обучил свој наследник, па најверојатно тој во следниот период ќе го советува министерот за даночната политика. Тевдовски денеска рече дека со Јовановиќ кој пред неколку дена објави дека заминува од ресорот, ќе останел добар пријател. Го пофали дека бил посветен работник и еден од наједуцираните кадри во Министерството. Името на тој што ќе го наследи не го откри, но рече дека е вработен во Министерството и дека има добро занење.

„Посветено работеше на реформите, особено на даночните, а и на социјалната реформа, и на дигитализацијата. Бранимир Јовановиќ го почитувам, но не можам да го задржам да остене ако сака да напредува на друго место, рече Тевдовски.

Бранимир Јовановиќ на фејсбук соопшти пред неколку дена дека си оди од Министерството но како причина ја наведе потребата да се посвети на семејството кое го запоставил. Тој беше советник за даночни реформи во Министерството, а на таа позиција дојде од партијата Левица, но и како граѓански активист. Многумина забележаа за дека даночните промени кои ги спроведе Министерството, а за кои доста се залагаше и Јовановиќ.

За нив дел од експертите посоија и дека следен за заминување во метлата на премиерот Зоран Заев, треба да е и министерот Тевдовски. Тој денеска рече дека функцијата ја извршува посветено и дека има доста работи кои ги спровел. Меѓу нив, управувањето со јавниот долг, фскалната арнспаренстност, па и даночните реформи.

Бев посветен и сум задоволен од својата работа, рече Тевдовски. 

Слично

Поврзани вести