Економија, финансии, бизнис

Контакт

На местото каде требаше да има карго-аеродром во Штип, ќе се гради најголемата фотонапонска електрана на Балканот

На местото каде требаше да има карго-аеродром во Штип, ќе се гради најголемата фотонапонска електрана на Балканот

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека на државното земјиште каде што требаше да се гради карго-аеродором во Штип, државата ќе инвестира 200 милиони евра во изградба на можеби најголемата фотонапонска централа на Балканот.

- На локацијата каде што имаше планови да се изгради карго-аеродоромот во Штип на државно земјиште од 477 хектари ќе се гради фотонапонска електроцентрала.  Тоа е иделана локација за фотонапонска електрана од 300 до 350 мегавати, веројатно една од најголемите, ако не и најголема на Балканот. Тоа е колку два блока во РЕК Битола, колку да знае јавноста за колкав потенцијал се работи, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека најверојатно централата ќе биде целосно во сопственост на државата и дека ќе се бара начин финансирањето да не влијае на зголемување на државниот долг.

„Ќе одлучиме дали тоа ќе биде 100 отсто наша инвестиција или ќе биде некое јавно-приватно партнерство, но впечатокот е дека треба да биде во целосна сопственост на државата“, рече премиерот.

Слично

Поврзани вести