Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маршалот би се срамел од лево десните математики на неговите македонски следбеници?

Маршалот би се срамел од лево десните математики на неговите македонски следбеници?
На една недела пред одржувањето на вториот круг на изборите лидерот на Титовите леви сили, Слободан Угриновски се премисли и поддршката му ја даде на кандидатот за градоначалник на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ. „Тодоровиќ е човек кој знае да прави дела и знае како да ја води општината“, изјави денеска Слободан Угриновски, од Сојузот на Титови леви сили. Инаку, пред првиот круг од локалните избори, Угриновски поддршката му ја даде на Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“. Угриновски тогаш ги повика граѓаните да гласаат за, како што рече, младиот скопјанец полн со идеи и визија за Скопје, кој во следниот изборен циклус ќе му го затресе столчето и на Коце Трајановски. Инаку, синот на Угриновски беше кандидат за праетеник од страна на опозицијата на минатите парламентарни избори.
Слично

Поврзани вести