Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Марш во сабота: СДСМ со „Отпор против режимските лаги!“

На Марш во сабота: СДСМ со „Отпор против режимските лаги!“
Со  Марш за вистината, а  под мотото „Отпор против режимските лаги!“, опзицијата во сабота излегува на протест против замолчувањето на слободните медиуми и против, како што велат, лагите и манипуациите на владеачката гарнитура. „Во Македонија, благодарение на режимската бруталност, седма година се создава систем за продукција на лаги и манипулации на граѓаните.Лагата стана основно и единствено средство на режимот за покривање и оправдување на нивните методи кои ја туркаат земјата во погрешна насока.Со овој марш ние симболично ќе ги обележиме и посочиме главните центри кои ја кријат вистината и спроведуваат медиумски мрак“, изјави денеска секретарот на СДСМ, Андреј Петров. Маршот ќе започне во 12 часот пред платото спроти телевизијата Сител, ќе продолжи покрај Владата, Собранието и ќе заврши пред зградата на МРТВ. Од СДСМ посочуваат дека идејата не е да се врши притисок врз медиумите, туку да се укаже на тоа дека медиумите како Сител и МТВ непрофесинално си ја вршат својата работа. Сител е приватен медиум и сопствениците имаат право да подржат одредена политичка опција, но немаат право свесно и намерно да шират омраза и нетрпеливост, оркестрирано да манипулираат и да се обидуваат граѓаните да ги стават во заблуда, велат од СДСМ. Состојбата со МРТВ е уште подраматилна бидејќи наместо институција која ги преставува гледиштата и ставовите на сите граѓани, Сервисот стана филијала на центарот за лаги и манипулации на ВМРО ДПМНЕ, а на сметка на граѓаните на Република Македонија, објаснува опозицијата. „Основна цел на маршот за вистината е да пружиме отпор против систематското газење на слободата на медиумите и говорот. Притоа сакаме и да ги охрабриме новинарите и медиумските работници да се спротивстават на режимските лаги и да ја одбранат честа и угледот на нивната професија“, велат од СДСМ.
Слично

Поврзани вести