На македонско-грчката граница Чешка ќе испрати уште 40 полицајци
Со цел поефикасно справување со мигрантската криза Чешка ќе испрати уште 40 полицајци на зелената граница меѓу Македонија и Грција, пренесува МИА.
Според заменик директорот на чешката полиција, Петр Петрик ова е третпат да се испраќаат полицајци, а последниот контингент беше испратен пред месец и половина.
„Притисокот на нелегалниот премин на границата е намален, но тоа не значи дека се уште не постои кризата. Помошта од Чешка, со испраќањето на полициски контингенти беше во екот на најкритичната фаза на бегалската криза и од наша страна сме задоволни од соработката со чешката полиција“- изјавил македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчески.
Тој вели дека е потребно границата внимателно да се надгледува.
Слично
