Економија, финансии, бизнис

Контакт

На македонските политичари ќе им се забрани влез во Шенген зоната?

На македонските политичари ќе им се забрани влез во Шенген зоната?

Западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери, ако одлуката за амнестија на претседателот Ѓорѓе Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се реализира, пишува „Волстрит џурнал“.

Весникот се повикува на висок претставник на ЕУ.

„Македонија беше силен пример за демократска транзиција до 2000 година, а оттогаш нашироко се гледа дека владеењето се влоши. Официјални лица од Брисел веруваат дека амнестијата на претседателот Иванов била со намера да ја заштити контролата на власта од ВМРО-ДПМНЕ и кругот околу Груевски. Други дипломати во Скопје веруваат дека Иванов можеби дејствувал без одобрување од ВМРО-ДПМНЕ“- пишува „Волстрит џурнал“.

Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за мигрантската криза и запирање на поддршката за евроатланската интеграција на државата.

Слично

Поврзани вести